4. Не е за цареви, Лемуиле, не им прилега на царевите да пијат вино, ни на главатарите опоен пијалак,
5. за да не ги заборават законите во пијачката и да им ја изменат правдата на страдалниците.
6. Дајте му жесток пијалак на оној што ќе пропадне, и вино на човек што е огорчен во душата.
7. Тој ќе пие и ќе ја заборави својата беда и не ќе си спомнува веќе за својата неволја.
8. Отворај ја својата уста за немиот, и за правото на сите несреќници што пропаѓаат.
9. Отворај ја својата уста, суди праведно, дај им ја правдата на бедниот и неволникот.