Изреки 31:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Зошто, сине мој? Зошто сине на мојата утроба? Зошто, сине на моите завети?

3. Не ја давај својата сила на жените, ни своите патишта на погубителките на цареви.

4. Не е за цареви, Лемуиле, не им прилега на царевите да пијат вино, ни на главатарите опоен пијалак,

5. за да не ги заборават законите во пијачката и да им ја изменат правдата на страдалниците.

6. Дајте му жесток пијалак на оној што ќе пропадне, и вино на човек што е огорчен во душата.

7. Тој ќе пие и ќе ја заборави својата беда и не ќе си спомнува веќе за својата неволја.

8. Отворај ја својата уста за немиот, и за правото на сите несреќници што пропаѓаат.

9. Отворај ја својата уста, суди праведно, дај им ја правдата на бедниот и неволникот.

Изреки 31