Изреки 30:17-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Окото што му се потсмева на таткото и одречува послушност на мајката, ќе го исколваат поточните гаврани и ќе го изедат млади орли.

18. Три нешта ми се чудни, а четвртото не го разбирам:

19. орловиот пат по небото, змииниот пат по стената, патот на бродот среде морето, и патот на мажот кон девојката.

20. Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив. „

21. Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:

22. од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;

Изреки 30