Изреки 3:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.

6. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.

7. Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,

8. тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.

9. Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход,

10. и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.

11. Сине мој, не ги отфрлај Господовите опомени, и немој да го замразиш Неговиот укор,

12. зашто кого Господ го љуби, него и го изобличува како таткото синот, кого го љуби.

Изреки 3