Изреки 3:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. така ќе придобиеш милост и добро сфаќање пред Божјите и човечките очи.

5. Надевај се на Господа со сето свое срце и не се потпирај врз сопствениот разум.

6. Мисли на Него на сите свои патишта и Тој ќе ги исправи твоите патеки.

7. Не замислувај дека си мудар: Бој се од Господа и отстранувај се од злото,

8. тоа ќе биде лек за твоето тело и поткрепа на твоите коски.

9. Почитувај Го Господа со својот имот и со првините на сиот свој приход,

10. и твоите житници ќе бидат преполни, и твоите каци ќе се прелеваат со ново вино.

Изреки 3