Изреки 3:31-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Не завидувај му на насилникот, ниту следи ги неговите патишта,

32. зашто на Господа му се гнасни развратите, а близок е со праведните.

33. Господовото проклетство е врз домот на безбожникот, а благословот е во домот на праведникот.

34. На потсмевнувачите тој им се потсмевнува, а на смирените им дарува благодат.

35. Мудрите ќе ја наследат славата, а безумниците ќе го носат срамот.

Изреки 3