Изреки 3:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.

23. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.

24. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.

25. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,

26. зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.

27. Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа.

28. Не вели му на својот ближен: „Отиди си и дојди пак, и ќе ти дадам утре”, кога можеш веќе сега.

29. Не кови му зло на својот ближен, додека тој престојува без страв, кај тебе.

Изреки 3