Изреки 3:21-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување;

22. и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.

23. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.

24. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.

25. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,

26. зашто Господ ќе ти биде надеж и ќе ја чува твојата нога од стапица.

27. Не крати им добротворство на оние што имаат потреба кога можеш да го направиш тоа.

Изреки 3