Изреки 3:13-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Блазе му на човекот, што ја нашол мудроста и на човекот, кој го придобил разумот.

14. Подобро е да се придобие таа отколку да се придобие сребро, и таа е поголема печалба и од златото.

15. Поскапоцена е од бисерите, и колку и да се твоите скапоцености, не можат да се споредат со неа.

16. Долгиот живот и е во десната рака, а во левата: богатство и чест.

17. Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир.

18. Таа е дрво на живот, за оние кои се придржуваат за неа, и благословен е оној што ќе ја задржи.

19. Господ ја основа земјата со мудрост и ги зацврсти небесата со умот;

20. со Негово знаење се отворија бездните и облаците истурија роса.

21. Сине мој, не губи го тоа од пред очите запази ги разумот и здравото расудување;

22. и ќе биде живот на твојата душа и украс на твојот врат.

23. Тогаш без страв ќе чекориш по својот пат и твојата нога не ќе се сопнува.

24. Кога ќе легнеш, нема да се плашиш, и кога ќе заспиеш, ќе сонуваш слатко.

25. Не бој се од ненадеен страв ни од пребрзата пропаст, кога ќе ги стигне нечестивите,

Изреки 3