Изреки 29:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Дали си видел човек брз на зборови? И безумникот има повеќе надеж од него.

21. Кој го мазни својот слуга од детство, после ќе му биде како син.

22. Гневливиот човек предизвикува препирки, а избувливиот човек прави многу гревови.

23. Гордоста го понижува човекот, а смирениот во дух придобива чест.

24. Кој со крадец дели плен, се мрази самиот: слуша проклетства и ништо не открива.

Изреки 29