Изреки 29:16-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Кога се множат нечесните, се множи и беззаконието, но праведниците ја набљудуваат нивната пропаст.

17. Изобличи го својот син, и ќе те успокои и ќе и даде радост на твојата душа.

18. Каде нема откровение пророчко народот се разуздува, а кој го пази Законот е блажен!

19. Само со зборови не се поправува слугата, зашто не се покорува, иако сфаќа со умот.

20. Дали си видел човек брз на зборови? И безумникот има повеќе надеж од него.

21. Кој го мазни својот слуга од детство, после ќе му биде како син.

Изреки 29