Изреки 28:22-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста.

23. Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик.

24. Кој ги ограбува татка си и мајка си и вели: „Не е грев”, другар му е на разбојникот.

25. Срцето на горделивецот зафаќа препирка, а кој се надева на Господа, ќе напредува.

26. Безумен е кој се надева на своето срце, а се спасува кој живее мудро.

Изреки 28