Изреки 28:19-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб, а кој трча по суетите, ќе се насити со сиромаштво.

20. Чесниот човек изобилува со благослови, а кој брза по богатство, не останува без казна.

21. Не чини да се биде пристрасен на суд, зашто и за залак леб човекот прави зло.

22. Лакомецот брза по богатството, а не знае дека ќе го стигне скудноста.

23. Кој го изобличува човекот, после ќе најде поголема милост, отколку оној, кој ласка со својот јазик.

Изреки 28