Изреки 27:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сè горчливо - му е слатко.

8. Како птица далеку од своето гнездо, таков е човекот, кој е далеку од својот роден крај.

9. Како што маслото и мирисот го веселат срцето, така и сладоста на пријателот преку срдечен совет.

10. Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку.

11. Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.

12. Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.

13. Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.

Изреки 27