Изреки 27:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Да го истолчиш безумникот со толчник во сад за толчење со зрна, пак неговото безумство нема да го остави.

23. Грижи се внимателно за својот добиток, и грижи се за стадата,

24. зашто богатството не трае довека; ниту круната од колено до колено.

25. Кога тревата никнува и зеленило се покажува и се собира планинското билје,

26. тогаш јагнињата ти се за облека, и јарињата за купување на ниви;

27. тогаш имаш во изобилство козјо млеко за своја храна и за храна на својот дом, и за исхрана на своите прислужнички.

Изреки 27