Изреки 27:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш што може денот да донесе.

2. Нека те фали друг, а не твојата уста, туѓинец - а не твоите усни.

3. Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес.

4. Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе и одолее на љубомората?

5. Јавниот укор е подобар, отколку лажната љубов.

6. Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни.

Изреки 27