17. Пес фаќа за уши кој при поминувањето, се замешува во препирка, што не го засега него.
18. Како безумниот кој фрла гламни, стрели и сее смрт,
19. таков е човекот кој го измамува својот ближен и вели: „Само се шегував”.
20. Кога ќе ги снема дрвата, огнот гасне, и каде веќе нема клеветник, препирките стивнуваат.
21. Јагленот е за жар и дрвата за оган, а препирачот, за да распалува препирка.