Изреки 25:3-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Неистражливи се: небото во височината, земјата во длабочината и царевото срце.

4. Отстрани ја згурата од среброто и ќе успее работата на златарот.

5. Отстрани го нечесниот од пред царот и неговиот престол ќе се зацврсти во правда.

6. Не воздигнувај се пред царот, и не седнувај на местото на големците,

7. зашто е подобро да ти се рече: „Искачи се горе”, отколку да те понижат пред начелникот.

8. Тоа што ти го видоа очите не го изнесувај пребргу на расправа; зашто што ќе направиш на крајот, кога ќе те засрами и твојот ближен?

Изреки 25