Изреки 25:22-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. зашто така му натрупуваш жар на главата, и Господ ќе те награди.

23. Северниот ветер донесува дожд, а потајниот јазик - разгневено лице.

24. Подобро е да се живее под работ на покривот, отколку во заедничка куќа со препирлива жена.

25. Како студена вода за жедно грло, таква е добрата вест од далечна земја.

26. Како затрупан кладенец и заматен извор, таков е праведникот кој трепери пред нечесниот.

27. Да се јаде многу мед не е добро, ниту да се бара претерана слава.

28. Разурнат град и без ѕидови, таков е човекот, кој нема власт над себеси.

Изреки 25