Изреки 25:13-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Верниот гласник, за оној што го праќа, е како снежна ладовина во време на жетва: тој ја крепи душата на својот господар.

14. Кој се фали со лажлив дар, тој е како облак и ветер без дожд.

15. Со воздржливост се ублажува управител, а мекиот јазик крши и коски.

16. Кога ќе најдеш мед, јади умерено, за да не се прејадеш и да го изблуваш изеденото.

17. Ретко влегувај во куќата на твојот ближен, да не се засити од тебе и да те замрази.

18. Човек кој сведочи лажно против својот ближен, тој е како палица, и меч, и остра стрела.

Изреки 25