Изреки 25:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. за да не те укори кој ќе чуе, и твојот углед срушен да биде.

11. Зборови кажани во право време, се златни јаболки во сребрени садови.

12. Мудрецот што изобличува е златен прстен и ѓердан од тенко злато за внимателното уво.

13. Верниот гласник, за оној што го праќа, е како снежна ладовина во време на жетва: тој ја крепи душата на својот господар.

14. Кој се фали со лажлив дар, тој е како облак и ветер без дожд.

Изреки 25