Изреки 25:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И овие се Соломонови поуки, кои ги собраа луѓето на Езекија, царот јудејски:

2. Слава Божја е да крие работа, а царската слава да ја истражува.

3. Неистражливи се: небото во височината, земјата во длабочината и царевото срце.

Изреки 25