19. Не се гневи заради злочинците, не им завиди на нечестивите,
20. зашто лошиот човек нема иднина, светилката на нечесните гасне.
21. Бој се од Господа, сине мој, и од царот: и не се дружи со променливи луѓе,
22. зашто одненадеж доаѓа нивната погибел; и кој знае кога бедата ќе дојде од обата?
23. И ова е од мудреците: Не чини да се биде пристрасен на суд.
24. Кој му вели на нечесниот: „Праведен си!” Ќе го проколнуваат народите и ќе го мразат племињата;
25. а оние што го укоруваат, ќе бидат возљубени и врз нив ќе дојде благословот.
26. Кој одговара чесно, љуби во уста.
27. Сврши ја својата работа надвор и приготви ја својата нива, потоа изгради ја и својата куќа.