Изреки 24:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Ако речеш: „Не знаевме за тоа, не разбира ли Оној, кој ги испитува срцата? И не знае ли Оној, Кој ти ја чува душата? И не плаќа ли Тој секому според неговите дела?

13. Јади мед, сине мој, зашто е пријатен, и саќите се слатки на твоето грло,

14. така е знај, и мудроста за твојата душа: ако ја најдеш, ја најде иднината, и твојата надеж нема да пропадне.

15. Не поставувај нечеснику, заседа на праведниковото живеалиште; не прави насилство на неговото мирно престојувалиште;

16. зашто, ако праведникот падне и седумпати, тој станува, а нечесните пропаѓаат во несреќа.

Изреки 24