Изреки 23:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. зашто тој е таков како што мисли во себеси: „Јади и пиј”, ти вели, но неговото срце не е со тебе.

8. Залокот што си го изел, ќе го повратиш, напразно ќе ги изгубиш своите љубезни зборови.

9. Не зборувај пред безумник, зашто ги презира твоите умни зборови.

10. Не преместувај ги старите меѓи и не навлегувај во нивата на сираците,

11. зашто е моќен нивниот Заштитник, ќе го брани нивното право против тебе.

12. Сврти го своето срце кон поуката и своето уво кон мудри зборови.

Изреки 23