Изреки 22:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот.

10. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата.

11. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател.

12. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот.

13. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”

14. Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму.

Изреки 22