Изреки 22:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата.

11. Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател.

12. Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот.

13. Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”

Изреки 22