Изреки 22:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Добро име е подобро од големо богатство, и подобра е милоста од сребро и злато.

2. Богатиот и сиромавиот се сретнуваат: Господ ги создаде двајцата.

3. Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна.

4. Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот.

5. Трње и примки се на патот на измамникот; кој го чува својот живот, далеку е од двете.

Изреки 22