Изреки 20:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Мудриот цар умее да ги просејува нечесните, и ги става под тркала.

27. Човековиот дух е Господова светилка која ја испитува сета внатрешност на срцето.

28. Милоста и верноста го чуваат царот, зашто со милоста го зацврстува својот престол.

29. Убавината на младите е нивната сила, а седата коса е украс на старците.

30. Синилото од биење го очистува злото, а ударите внатрешноста на срцето.

Изреки 20