Изреки 20:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Виното е потсмевнувач, жестокиот пијалак буен; и кој им се оддава, не е разумен.

2. Царевиот гнев е како лавско рикање; кој го предизвикува, греши против самиот себе.

3. Чест е за човекот да се воздржи од препирка, а кој е безумен, ја почнува препирката.

4. Мрзливиот несака да оре поради зимата, во времето на жетвата тој бара и ништо нема.

5. Советот во човековото срце е длабока вода, и разумниот човек ќе ја исцрпи.

6. Мнозина се наречуваат: добротвори, но кој ќе најде верен човек?

7. Праведникот оди во својата непорочност, блазе им на неговите синови по него!

Изреки 20