Изреки 19:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Подобар е сиромавиот кој живее во непорочност, отколку човек со нечесни усни и при тоа и безумен.

2. Ревносна душа без разумност не е добра, и кој оди брзо, се сопнува.

3. Безумието го расипува животот на човекот, а срцето му се лути на Господа!

4. Богатството прибавува многу пријатели, а бедниот го остава и неговиот пријател.

5. Лажливиот сведок не останува без казна, и кој шири лаги, нема да избега.

6. Мнозина му ласкат на лицето на дародавецот, и секој му е пријател на дарежлив човек.

7. Бедниот го мразат сите негови браќа, уште повеќе се оддалечуваат од него, неговите пријатели. Тој копнее за добри зборови, но не ги наоѓа.

Изреки 19