Изреки 18:14-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Кога е човекот болен неговиот дух го подига, а поразениот дух, кој може да го подигне?

15. Разумното срце придобива знаење, и увото на мудрите бара знаење.

16. Подарокот му отвора пат на човекот и го води пред големците.

17. Кој прв го заштитува своето дело се чини дека е прав, а кога ќе дојде неговиот сосед го испитува.

18. Жрепката ги прекратува споровите, и одлучува меѓу силните.

19. Навредениот брат е појак од цврст град, и расправите се како лостови на тврдина.

20. Секој го наситува желудникот со плодот на својата уста, се наситува со родот на своите усни.

21. Смртта и животот се во власта на јазикот, а кој го милува, јаде од неговиот плод.

22. Кој нашол добра жена, ја нашол среќата и добил милост од Господа.

Изреки 18