Изреки 17:17-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Пријателот љуби во секое време, а во неволја станува и брат.

18. Неразумниот човек дава рака и емчи пред својот ближен.

19. Гревот го љуби кој ја љуби препирката, и кој ја издига високо својата врата, бара пропаст.

20. Опакиот во срцето не наоѓа добро, и кому јазикот му е лош, западнува во несреќа.

21. Кој ќе роди безумник, на тага му е; а не е весел ни таткото на лудиот.

22. Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските.

23. Нечесниот прима подарок од под пазуви, за да ги искриви патиштата на правдата.

24. Разумниот ја има мудроста пред себе, а очите на безумниот се кон крајот на земјата.

Изреки 17