Изреки 16:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18. Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19. Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20. Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21. Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22. Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23. Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

Изреки 16