Изреки 16:16-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Пополезно е да се стекне мудрост, отколку злато, и придобивањето на разум е поскапоцено, отколку среброто.

17. Патот на праведните е: да се отстрануваат од злото, и кој внимава на својот пат, го чува својот живот.

18. Гордоста врви пред гибелта, и високоумноста пред паѓањето.

19. Подобро е да се биде кроток со понизните, отколку да се дели плен со горделивите.

20. Кој внимава на зборот, наоѓа добро, и кој се надева на Господа, блажен е.

21. Мудриот во срцето се наречува разумен, и слаткото зборување го зголемува знаењето.

22. Разумот е извор на живот на оние што го имаат, а на безумните им е казна нивната глупост.

23. Срцето на мудрецот ја вразумува неговата уста; му го умножува знаењето на усните.

24. Љубезните зборови се мед во саќи, сладост на душата и лек на коските.

25. Некој пат му се чини прав на човекот, а на крајот води кон смртта.

Изреки 16