Изреки 16:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Човекот смислува во срцето, а од Господа е што ќе одговори јазикот.

2. На човекот сите негови патишта му изгледаат чисти, а Господ ги испитува духовите.

3. Препушти му ги на Господа своите дела, и твоите намери ќе се сигурни.

4. Господ создаде сè за сопствена цел, па и нечесниот за денот на злото.

5. Омразен Му е на Господа секој со гордо срце, таков навистина не останува без казна.

6. Со милост и вистина се очистува неправдата, и со стравот од Господа се отстранува злото.

Изреки 16