Изреки 15:19-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.

20. Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.

21. Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.

22. Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.

23. Човекот се радува на одговорот на својата уста, и зборот во право време колку е добар!

24. За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.

Изреки 15