15. За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.
16. Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.
17. Подобар е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол каде е омразата.
18. Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата.
19. Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.
20. Мудриот син го весели таткото, а безумниот ја презира својата мајка.
21. Лудоста е веселба за неразумниот, а разумниот човек оди право.
22. Не успеваат намерите, каде што нема советување, а се остваруваат каде има многу советници.