Изреки 15:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Потсмевачот не го љуби оној што го кори: тој не се дружи со мудрите.

13. Веселото срце го разведрува лицето, а болката во срцето тешкотија е за духот.

14. Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост.

15. За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.

16. Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.

Изреки 15