Изреки 15:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тешка казна го чека оној кој го остава правиот пат, а ќе умре кој го мрази изобличувањето.

11. И Пеколот и Гибелта стојат пред Господа, а колку повеќе срцата на човечките синови.

12. Потсмевачот не го љуби оној што го кори: тој не се дружи со мудрите.

13. Веселото срце го разведрува лицето, а болката во срцето тешкотија е за духот.

14. Разумното срце бара знаење, а безумничката уста се занимава со глупост.

15. За натажениот сите денови се зли, а кому срцето е весело, на гозби е постојано.

16. Подобро е малку со страв од Господа, отколку големо богатство и немир со него.

17. Подобар е оброк со зеленчук каде е љубовта, отколку згоен вол каде е омразата.

18. Гневливиот човек заметнува препирка, а стрпливиот ја стивнува расправата.

19. Патот на мрзливиот е како глогово трниште, а патеката на праведникот е разгазена.

Изреки 15