Изреки 15:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот.

2. Јазикот на мудрите луѓе го прославува знаењето, а устата на безумните истурува глупост.

3. Господовите очи се на секое место и ги набљудуваат и лошите и добрите.

4. Благиот јазик е дрво на животот, а пакосниот е рана за духот.

5. Безумниот ја презира поуката на својот татко, а кој прима укор, е благоразумен.

6. Во праведниковиот дом има големо изобилство, а нечесниот ја печали својата пропаст.

Изреки 15