Изреки 14:23-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Од секој труд има полза, а од брбливоста на усните само сиромаштво.

24. На мудрите венец им е нивното богатство, а глупоста на безумните е нивната лудост.

25. Вистинскиот сведок избавува души, а лажниот сведок истура лаги.

26. Во стравот од Господа е голема верба, и е прибежиште за неговите синови.

27. Стравот од Господа е извор на животот; Тој избавува од стапицата на смртта.

28. Многуброен народ е слава за царот, а без луѓе владетелот пропаѓа.

29. Кој се гневи бавно има големо разбирање, а избувливиот во дух покажува глупост.

Изреки 14