Изреки 14:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Кој живее од чесност, се бои од Господа, а кој оди по страничен пат, Го презира.

3. Во устата на лудиот е прачката за неговата гордост, а мудроста ја пазат сопствените усни.

4. Каде нема волови, јаслите се празни, а жетвата е изобилна од силата на воловите.

5. Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.

6. Потсмевачот бара мудрост и не ја наоѓа, а разумниот лесно доаѓа до знаење.

7. Оди си од безумниот човек, зашто нема да запознаеш усни што зборуваат знаење.

Изреки 14