Изреки 14:13-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.

14. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.

15. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.

16. Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.

17. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.

18. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.

19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.

Изреки 14