Изреки 14:10-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.

11. Домот на нечесните ќе пропадне а живеалиштето на праведниците ќе процвета.

12. Некој пат му се чини на човекот прав, а на крајот води кон смртта.

13. И во смеата срцето чувствува болка, а после веселбата доаѓа тага.

14. Лукавиот се сити со своите престапи, а добриот човек со својот труд.

15. Глупавиот верува на секој збор, а умниот внимава на својот чекор.

16. Мудриот се бои и се отклонува од злото, а безумниот се распалува и е смел.

17. Избувливиот човек прави лудости, и зломисленикот ќе биде замразен.

18. Глупавите ја наследуваат лудоста, а мудрите ги овенчува знаењето.

19. Лошите се поклонуваат пред добрите, и нечесните пред вратите на праведникот.

20. Сиромавиот им е омразен и на своите пријатели, а богатиот има многу другари.

21. Греши кој го презира својот ближен, а блазе на оној кој е милостив кон сиромасите.

22. Не одат ли по заблуда оние што смислуваат зло? А зар не се добрината и верноста со оние што смислуваат добро.

Изреки 14