Изреки 12:19-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг.

20. Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети.

21. Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло.

22. Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина.

23. Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.

24. Трудољубивата рака ќе владее, а безгрижните ќе одат кон подложност.

25. Грижата во срцето го притиска човекот, а добриот збор го весели.

26. Праведникот го води својот пријател, а нечесните ги заблудува нивниот пат.

27. Мрзливиот нема да го улови својот лов, а трудољубието е скапоцено благо за човекот.

28. Животот стои врз патеката на правдата, и на нејзиниот пат нема смрт.

Изреки 12