Изреки 12:18-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Невнимателниот зборува како да прободува со меч, а јазикот на мудрите е исцелување.

19. Вистинита уста трае довека, а лажливиот јазик само за миг.

20. Измамата е во срцето на оние, кои смислуваат зло, а радост во оние што делат мирољубиви совети.

21. Праведникот не го стигнува никаква неволја, а нечесните се исполнети со зло.

22. Одвратни Му се на Господа лажливите усни, а Му се мили кои зборуваат вистина.

23. Благоразумниот човек го прикрива своето знаење, а безумничкото срце ја разгласува својата глупост.

Изреки 12