Изреки 12:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој ја љуби поуката, го љуби знаењето, а кој го мрази укорувањето неук е.

2. Добриот добива милост од Господа, а подмолниот осуда.

3. Човекот не се зацврстува со беззаконие, а коренот на праведникот не се помрднува.

4. Добродетелната жена е венец на својот маж, а срамотната е како гнилеж во неговите коски.

5. Мислите на праведните се справедливи, а сплетките на нечесните се измамливи.

Изреки 12