Изреки 11:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Кој е цврст во справедливоста, оди во живот, а кој трчи по злото, за смрт му е.

20. Одвратни му се на Господа нечесните во срцето, а непорочните во патот му се благоугодни.

21. Навистина, зол човек не ќе помине без казна, а потомството на праведникот ќе се избави.

22. Златна обетка на носот на свињата: таква е убава жена а без разум.

Изреки 11