8. Кој е со мудро срце, прима заповеди, додека брбливиот безумник пропаѓа.
9. Кој живее непорочно, оди без страв, а кој оди по криви патишта, ќе се познае.
10. Кој намигнува со окото, задава тага, а кој зборува лудо, пропаѓа.
11. Устата на праведниот се извор на живот, а устата на нечесниот крие насилство.
12. Омразата предизвикува раздор, а љубовта ги покрива сите погрешки.
13. Во усните на разумниот се наоѓа мудрост, а стапот е за плеќите на неразумниот.
14. Мудрите го кријат знаењето, а устата на неразумните е близу до пропаста.
15. Имотот на богатиот му е укрепен град, а на сиромашните сиромаштвото е нивна погибел.